По 101 час под урнатините: Мајка и син спасени во Турција

Сподели со своите пријатели

Во јужниот турски град Дијарбекир, дури 101 час по разорните земјотреси окарактеризирани како „катастрофа на векот“, мајка и син беа извлечени од под урнатините.

Loading...

Спасувачките екипи во населбата Баглар, во Дијарбекир, од под урнатините ги извлекле 32-годишната Себахат Варли и нејзиниот десетгодишен син Серхат.

Мајката и синот се префрлени во болница.

Повеќе од 21.000 луѓе загинаа во земјотресите што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија.

Во Турција загинаа најмалку 18.342 лица, додека во Сирија 3.377.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.