Црквата Св. Марко во северозапден Лондон, која е стара над 150 години и категоризирана со втор степен на културно наследство, е уништена во пожар во текот на ноќта.
Лондонската противпожарна бригада (LFB) соопшти дека нема извештаи за повредени и дека причината за пожарот се уште не е позната, јавува Би-Би-Си.
На самото место се ангажирани повеќе од 10 противпожарни возила со 80 пожарникари за да се справат со пламените јазици.
На жителите кои живеат во областа им беше препорачано да ги држат затворени прозорците и вратите, а полицијата побара од јавноста да ја избегнува областа за да им дозволи на службите за итни случаи да работат.
При интервенцијата пожарникарите употребиле скала висока 64 метри, највисока од ваков вид во Европа.
Градскиот совет на Вестминстер соопшти дека жителите се безбедни, а ЛФБ рече дека истражителите ќе започнат истрага за причините за пожарот.
Националниот труст за цркви ја опишува црквата Свети Марко, викторијанска црква, како „архитектонско и историско богатство“.
Twelve fire engines and around 80 firefighters have been called to a fire on Hamilton Terrace in #StJohnsWood. More info to follow https://t.co/DkDv3DUPQa
— London Fire Brigade (@LondonFire) January 27, 2023