Нетанјаху планира судски реформи и покрај критиките

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата влада планира да го реформира судскиот систем и покрај жестоките критики од највисоките правни службеници и протестите на десетици илјади луѓе поради најавените промени.

Loading...

Нетанјаху, кому му се суди за корупција, ги стави законските измени во центарот на агендата на неговата нова влада, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АП.

Противниците велат дека промените би можеле да му помогнат на Нетанјаху да избегне пресуда во случајот за корупција или да доведе до целосно отфрлање на случајот.

Реформата ќе ја ослаби моќта на Врховниот суд, дозволувајќи им на пратениците да ги усвојуваат законите што ги отфрли судот со просто мнозинство, ќе и даде на владата повеќе овластувања за назначување судии и ќе ја ограничи независноста на владините правни советници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Хезболах користи пејџери? Срушен камен-темелник на милитантната група, експлозиите открија клучна слабост!

„Нескротлив напад врз правосудниот систем“

Предложените измени предизвикаа негодување на претседателот на Врховниот суд, кој реформата ја оцени како „нескротлив напад врз правосудниот систем“.

Државниот обвинител, исто така, се изјасни против планот, како и многу нејзини претходници, а десетици илјади луѓе протестираа во саботата во Тел Авив поради предложените измени.

И покрај опозицијата, новиот премиер на состанокот на владата изјави дека гласачите гласале на изборите во ноември како поддршка на неговото предизборно ветување за реформи во правосудниот систем.

„Ќе ги завршиме законските реформи на начин што ќе го исправи она што треба да се коригира, целосно ќе ги заштитиме правата на поединецот и ќе ја вратиме довербата на јавноста во судскиот систем, кому толку многу му е потребна оваа реформа“, рече Нетанјаху.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку седум лица загинаа во пожарите во Португалија