Шојгу: Русија ќе продолжи да развива нуклеарна тријада

Сподели со своите пријатели

Русија ќе продолжи да развива нуклеарна тријада како главен гарант на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет. Ова денеска го изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Loading...

Нуклеарна тријада е термин кој се однесува на трите методи на лансирање ракети што ги имаат повеќето нуклеарни сили.

Нуклеарни напади, превентивни или како одговор на напад, може да се изведат од копно, море и воздух, поточно со балистички ракети, подморници и бомбардери.

Прв состанок за нуклеарна тријада

Шојгу го одржа првиот состанок годинава со командантите на руската армија во Москва, главниот град на Русија.

Тој посочи дека ќе се зголеми и борбената способност на руското воено воздухопловство и во однос на борбените авиони, бомбардери и беспилотни летала.

Системите бараат подобрувања

– Нашите планови се да го прошириме арсеналот на модерно оружје. Подеднакво важна задача е што поскоро да се подигне воената опрема и тактичката опрема за персоналот на уште повисоко ниво – рече Шојгу.

Нагласи дека системите за управување и комуникација бараат и подобрувања, вклучително и употреба на вештачка интелигенција.

Како што заклучи, сите овие напори ќе ги подобрат борбените способности на руските сили. Ќе помогнат да се одврати агресијата против Русија и нејзините сојузници.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.