Орбан: Проширување на санкциите на ЕУ за руски гас би имало трагични последици

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека продолжувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас и енергија од нуклеарните централи ќе има трагични последици за Унгарија.

Loading...

Унгарската влада работи на изземање од таквите одлуки, изјави Орбан за државното радио Кошут.

Орбан истакна дека на почетокот на војната во Украина, ЕУ се надевала дека војната ќе заврши под влијание на санкциите или дека барем ќе ја олеснат таа цел, но дека се покажало дека тие немаат никаков ефект врз намалувањето на конфликтот.

Орбан напомена дека Европа ја чека тешка зима, а ситуацијата во Украина станува се потешка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одлуката на Бајден само ја ескалираше војната што Трамп ќе ја наследи

Иако Русија претрпе економски загуби поради санкциите, нејзините приходи од енергија растат, а политиката на санкции не ја постигна својата цел, истакна Орбан, пренесе агенцијата МТИ.

Унгарија е против тоа ЕУ да ја финансира работата на украинската држава од заемот што го подигнаа заеднички членките на Унијата и ја поддржува помошта преку билатерални договори меѓу земјите-членки и Украина, рече Орбан.

Според него, Унгарија не сака ЕУ да стане заедница на држави кои акумулираат заеднички долгови, наместо заедница на земји-членки кои соработуваат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.