Денеска во Киев ќе бидат воведени вонредни прекини на струја поради новите напади на руските сили врз енергетските капацитети, најави генералниот директор на енергетскиот оператор ЈАСНО, Сергиј Коваленко.
„Вечерва имаше нови напади врз енергетските капацитети на Украина“, рече Коваленко, пренесува „Униан“.
Тој додаде дека денеска во Киев ќе има вонредни исклучувања во значителен обем.
Во главниот град на Украина во последните три дена се применуваа само планирани исклучувања заради стабилизација, а бројот на исклучени потрошувачи од ден на ден се намалува.
Така, 904.000 потрошувачи биле исклучени од мрежата во вторникот, а 746.400 во четвртокот, јави Интерфакс Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.