Серија експлозии се слушнале во понеделникот наутро во главниот град на Украина, Киев, соопштија очевидци на Ројтерс во градот, додека регионалните власти во северна, источна и централна Украина исто така пријавиле ракетни напади.
Русија ги засили ракетните напади врз Украина во последните неколку недели, откако го обвини Киев за експлозијата што го оштети мостот на Крим.
Чад можеше да се види над Киев по повеќе од 10 експлозии, изјавија очевидци, а во делови од градот снема струја, а мрежата на мобилни телефони се прекина.
Ихор Терехов, градоначалникот на Харков, рече дека градот бил погоден од две ракети кои биле насочени кон „објект од клучната инфраструктура“.
Експлозии се регистрирани и во градовите Запорожје и Черкаси.
„Руските губитници продолжуваат да водат војна против цивилни објекти“, напиша Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, на апликацијата за пораки Телеграм.
Filmed by ITV News this morning looking north from the centre of Kyiv: https://t.co/e21ZFk4UmL pic.twitter.com/PJPFxBiz8s
— Rohit Kachroo (@RohitKachrooITV) October 31, 2022
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.