Руските сили утринава извршија ракетни напади врз неколку градови во Украина, јавија украинските медиуми, повикувајќи се на регионалните власти.
Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, изјави дека има информации дека 40 руски проектили биле во воздушниот простор на Украина, пренесува Униан.
Според извештаите, ракети биле за Киев, регионот на Миколаев, Харков, Запорожје, како и регионот Виниција и Черкаси.
Претставниците на регионалните власти објавија дека на мета биле важни инфраструктурни објекти во регионите Харков, Запорожје и Черкаси.
Секретарот на градскиот совет на Запорожје, Анатолиј Куртев изјави дека по нападот дошло до прекин на електричната енергија, пренесува Интерфакс Украина, додека Униан наведува дека градското метро е суспендирано.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.