Две лица загинаа во престрелка во јужен Лондон, јавува Sky News.
Престрелката се случила во Брикстон синоќа околу 19:50 часот по локално време. На местото на злосторството се пронајдени две мртви машки тела. Сторителот не е познат и никој не е уапсен.
На местото на настанот е пронајден уништен автомобил, а единствената изјава на сведоците е дека виделе како брза помош реанимира лице на земја.
Полицијата на местото на настанот потврди за Скај дека некој е застрелан.
Околните патишта се затворени.
На жителите од таа населба им било кажано дека уште малку ќе има полиција, а биле повикани да се јават доколку имаат информации за пукањето.
Престрелката доаѓа само неколку дена откако двајца мажи беа убиени, а трет тешко повреден во источен Лондон.
Засега нема индиции дека двата настана се поврзани, пренесува Index.hr.