Руската делегација која од почетокот на август учествува во инспекцијата на украинските бродови за жито во Истанбул се повлекува „на неопределен период“, соопшти Заедничкиот координативен центар (ЗКК).
„Делегацијата на Руската Федерација објави дека го суспендира учеството во спроведувањето на активностите на Иницијативата, вклучително и инспекциите, на неопределено време“, се вели во соопштението на ЗКК, кој го надгледува спроведувањето на договор за извоз на украински житарки, посочува.
Русија се повлече од договорот
Турското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека инспекциите на товарните бродови со украинско жито ќе продолжат во Истанбул.
Москва во саботата објави дека повеќе нема да учествува во договорот за извоз на украинско жито, наведувајќи го нападот со дронови врз нејзините бродови.
ЗКК објави дека 112 товарни бродови чекаат проверка во водите кај Истанбул.
Договорот, кој стапи на сила на 1 август и истекува на 19 ноември, овозможи извоз на повеќе од 9,5 милиони тони жито и други земјоделски производи од украинските пристаништа, објави ЗКК.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.