Зеленски објави снимка како стои во темница покрај урнат дрон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во своето последно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски стоеше надвор во мракот покрај остатоците од соборен дрон и вети дека руските напади нема да го скршат украинскиот дух.

Loading...

Зеленски рече дека Киев соборил 23 беспилотни летала во последните два дена.

„Гранатирањето нема да не скрши – слушањето на химната на непријателот на нашата земја е пострашно од непријателските ракети на нашето небо. Не се плашиме од темнината“, рече тој.

Зеленски додаде дека Русија досега извршила повеќе од 8.000 воздушни напади и истрелала 4.500 проектили.

Во последните две недели Русија истрела десетици проектили и беспилотни летала кон украинската електрична мрежа, предизвикувајќи големи штети и недостиг на електрична енергија, потсетува Ројтерс.

 

 

Loading...

Киев и четири региони можеби ќе треба да го прекинат снабдувањето со електрична енергија подолго од планираното по руските напади, изјави претходно денеска висок украински функционер.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.