Продолжени прекини на струја во Киев и уште четири региони

Сподели со своите пријатели

Во Киев и четири региони, прекините на струјата би можеле да траат подолго од планираното, откако Русија во текот на ноќта ја погоди енергетската инфраструктура, изјави заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Тимошенко.

Loading...

Тимошенко рече дека снабдувањето со електрична енергија значително ќе биде намалено во самиот Киев, потоа во централниот регион на Киев, Житомир и Черкаси и северниот регион Чернихив и дека исклучувањето може да трае со часови, пренесе Танјуг.

Според него, надлежните служби прават се што е можно поскоро да се санираат оштетувањата на електричната мрежа, но неопходна е заштеда и прекините ќе бидат продолжени.

Надлежните служби претходно најавија, јавува Танјуг, дека струјата може да биде исклучена по четири часа дневно за да се намали преоптоварувањето на енергетскиот систем додека траат поправките.

Шефот на киевскиот регион Олексеј Кулеба денеска претходно изјави дека регионот се соочува со дефицит на електрична енергија од 30 отсто.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.