ОСМАНИ – БЕРБОК : Создаваме политичко партнерство кое е во интерес на двете земји

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес во Берлин оствари средба со сојузниот министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Аналена Бербок.

Loading...

На средбата, двајцата хомолози изразија задоволство од високото ниво на политички дијалог и партнерските односи кои Северна Македонија и Германија ги воспоставија во изминатите 30 години дипломатски односи. Соработката и партнерството меѓу нашите две земји ги карактеризира три децении поддршка, соработка и градење мостови меѓу нашите држави и народи.

„Особено го цениме фактот што Германија е наш најважен партнер во политичка и економска смисла, особено кога се работи за прашањата за нашето политичко интегрирање во европските и евроатлантските организации. Северна Македонија останува кредибилен партнер во регионот, и од аспект на НАТО присуството на Балканот, како земја членка, и од аспект на заштитник и промотор на европскиот кредибилитет во регионот.“, истакна Османи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги соопшти условите за формирање на идна Влада

Министерот Османи изрази благодарност за силниот интерес на Германија и Канцеларот Шолц да го ревитализира Берлинскиот процес како значајна алатка која ги подржува евроинтегративните процеси на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан со цел нивно поскоро приклучување кон Унијата, но и за заедничко адресирање на актуелните предизвици со кои се соочува европскиот континент.

Министерката Бербок потврди дека поддршката од Германија за европското досие на Северна Македонија ќе продолжи и во иднина со несмалено темпо, изразувајќи задоволство од историскиот исчекор кој го постигна Северна Македонија за отпочнување на пристапните преговори годинава.

Безбедносните прашања, руската инвазија врз Украина и последиците со кои европските земји се соочуваат, исто така беа предмет на разговор меѓу двајцата министри, кои ја истакнаа важноста на НАТО за зачувување на европската и светска безбедност. Во овој контекст, министерката Бербок упати благодарност, потенцирајќи ја улогата на Северна Македонија како одговорен и кредибилен партнер на Европската Унија во одговор на кризата и 100% усогласеност со санкциите на ЕУ кон Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги соопшти условите за формирање на идна Влада

На средбата се дискутираше и за претстојното претседавање на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година и можностите за идна соработка во овој контекст.