Од каде ѝ се на Русија опасните дронови камикази?

Сподели со своите пријатели

Подмолно оружје што сее страв… Во војната против Украина, Русија користи дронови кои веројатно се од странско производство.

Loading...

Летаат со брзина од 200 километри на час и се толку гласни што се слушаат од далеку, многу пред да ја нападнат целта.

Една недела по силните руски воздушни напади на 13 октомври, вчера, 17 октомври, повторно се слушнаа експлозии во градот, пренесоа агенциите.

Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, градскиот кварт Шевченковски бил погоден и неколку куќи биле оштетени.

Шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак, на Телеграм објави дека нападите биле со таканаречени дронови камикази.

– Русите мислат дека тоа ќе им помогне, но тоа само го покажува нивниот очај – рече Јермак.

Дали „самоубиствените дронови“ се од Иран?

Штетата што може да ја предизвикаат беспилотните летала стана очигледна на 5 октомври кога, според украински извори, руската војска првпат нападнала цели во близина на главниот град Киев со дронови камикази од Иран.

Таа ноќ се слушнале шест експлозии, објави на Телеграм гувернерот на киевската област Олексиј Кулеба.

Loading...

Тој додаде дека вкупно 12 дронови дошле од јужниот правец со цел уништување на инфраструктурата.

Во средината на септември, украинската армија, според сопствените тврдења, го соборила првото беспилотно летало со иранско потекло.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина создаде ново моќно оружје. Има опсег до Москва (ВИДЕО)

Портпаролката на украинската армија Наталија Хуменјук изјави дека оттогаш неколку десетици од нив се регистрирани на југот на Украина и дека половина од нив се соборени.

Таа наведува дека Одеса често е мета на напади со беспилотни летала, во кои се убиени и цивили, пренесува ДВ.

Пред неколку месеци се појави информација дека Иран ќе ѝ испорача воени дронови на Русија.

Владата на Соединетите Американски Држави објави, повикувајќи се на информации од тајните служби, дека Русија сака да купи беспилотни летала од Иран за потребите на војната во Украина – првенствено затоа што повеќе не може сама да произведува дронови, како набавка на компоненти и резервни делови е исклучително тешко поради санкциите.

Според новинската агенција АФП, Русија набавила беспилотни летала Мухаџир-6.

Леталото може да носи 40 килограми товар, достигнува брзина од 200 километри на час.

Loading...

Франс прес наведува дека е купен и „самоубиствениот дрон“ Шахед-136, кој може да помине 2.500 километри.

Техеран официјално ја демантираше продажбата.

Колку се опасни дроновите?

Експертите сметаат дека беспилотните летала не се многу ефикасни оружја, без разлика што нивните смртоносни напади постојано се повторуваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Закажани се нови американско-руски разговори за војната во Украина

Џереми Бини, кој работи за аналитичката фирма „Џејнс“, изјави за АФП дека авионскиот систем често откажува бидејќи компонентите не се добро произведени.

Дополнително, количината на експлозив што ја носат е „релативно мала“.

Затоа, според него, беспилотните летала немаат големо влијание врз текот на војната.

За американското списание „Политико“, една украинска офицерка вели дека е фатално што беспилотните летала многу тешко се откриваат со помош на радар, поради што нејзината единица изгубила два тенкови со екипаж во близина на Херсон.

Портпаролката на украинската армија Наталија Хуменјук вели дека дроновите дополнително го зголемуваат „психолошкиот притисок“ врз населението.

Loading...

Заканувачкиот шум што го придружува летот предизвикува страв кај луѓето кои се веќе оптоварени.

Турски дронови произведени во Украина?

Русија, исто така, покажа интерес за турските борбени дронови во текот на летото. Кон крајот на август, производителот на Бајрактар ​​недвосмислено изјави дека неговата компанија нема да испорачува дронови на Русија.

– Колку пари и да ни понудија, во оваа ситуација не доаѓа предвид да им ги оставиме дроновите. Во моментов целосно ја поддржуваме украинската страна – изјави за Би-Би-Си Халук Бајрактар, менаџер на турскиот производител.

Во моментов, украинската армија успешно го користи Бајрактар-ТБ2. Тој дрон е многу популарен во Украина, бидејќи придонесе за уништување на многу руски артилериски системи и оклопни возила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина тестира борбени дронови кои можат да стигнат до Сибир

Турскиот производител наводно планира да изгради фабрика во Украина. Ова го соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на септември, по средбата со шефот на турскиот концерн.

Дронот е долг шест и пол метри, а распонот на крилата е 12 метри. Може да остане во воздух повеќе од 24 часа, а максималната брзина му е 220 километри на час.

Loading...

Експертите велат дека дронот е поевтин од слични производи од западните конкуренти.

Израелски дронови?

На почетокот на војната во Украина се шпекулираше за можна вмешаност на Израел во снабдувањето на Русија со беспилотни летала.

Според податоците на израелскиот весник Тајмс, во март на социјалните мрежи кружеле видео снимки од делови од соборениот руски дрон, кои наводно дошле од израелски летечки објект.

Фотографиите, чија автентичност не е потврдена, покажуваат остатоци од извидувачки дрон, а потоа и натпис Israel Aerospace Industries (IAI).

Тоа е израелска компанија за воздушна и ракетна технологија.

Loading...

Меѓутоа, тој дрон се произведува во Русија по лиценца што Русија ја купи во Израел пред неколку години.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.