Неколку експлозии се слушнале утрово, нешто по 8 часот, кога луѓето одат на работа, а децата на училиште, во квартот Шевченковски во Киев, каде се наоѓаат неколку универзитети.
Loading...
На остатоците на еден од руските дронови е испишана пораката „За Белгород“, пренесува Ројтерс.
Руските власти тврдат дека регионот Белгород, во близина на границата со Украина, е изложен на украински артилериски напади.
Градските власти на Киев по првиот бран експлозии утринава објавија дека биле нападнати „критичните инфраструктури“.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.