Русите објавија снимка од испукана ракета кон Украина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Русија објави дека извршила голем напад врз воената команда, комуникацискиот и енергетскиот систем на Украина и соопшти:

Loading...

„Сите цели идентификувани за нападот се погодени и целта на нападот е постигната“.

Градовите низ Украина останаа без струја и вода во понеделникот, откако руски ракети погодија десетина градови во понеделникот наутро.

Русија ќе одговори „остро“ на секој нов напад од Украина, рече Путин.

„Доколку обидите за терористички напади на наша територија продолжат, руските одговори ќе бидат остри и големи колку и заканите за Руската Федерација. Бидете сигурни во тоа“, рече тој.

Путин, исто така, ја обвини Украина за обид за напад на нуклеарна централа во Русија и гасоводот Турски тек.

Тој повтори, но не презентираше докази, дека Украина и нејзините поддржувачи во НАТО стојат зад сè уште необјаснетите истекувања на гас на гасоводите „Северен тек“ (1 и 2), кои транспортираат руски гас до Германија под Балтичкото Море.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека нападите намерно биле насочени кон луѓето и инфраструктурата за да ги остават градовите без струја, а неговиот премиер рече дека биле погодени 11 главни инфраструктурни цели во осум региони, оставајќи големи делови од земјата без струја, вода или греење.

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.