САД повика Американците да го напуштаат Киев

Сподели со своите пријатели

Американската амбасада во Киев испрати порака во која им порача на американските граѓани да се евакуираат и да ја напуштат Украина доколку можат безбедно да го направат тоа.

Loading...

„Русија започна напади врз украинската цивилна инфраструктура, како и врз владините објекти во Киев и на други места. Континуираните напади на Русија во Украина претставуваат директна закана за цивилите и цивилната инфраструктура“, се вели во соопштението на амбасадата.

„Амбасадата на САД ги повикува граѓаните на САД да се евакуираат и да ја напуштат Украина сега користејќи ги приватно достапните опции за копнен транспорт кога тоа е безбедно“, се додава во соопштението.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.