Белорусија и Русија ги здружуваат армиите

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија и Русија ќе распоредат заеднички воени единици на западните граници на земјата како одговор на, како што рече, „ескалацијата на тензиите“, објави државната новинска агенција Белта.

Loading...

Ројтерс пренесува дека агенцијата ја цитираше изјавата на Лукашенко дека двете земји ќе распоредат регионална воена група, која почна да собира сили пред два дена, очигледно по експлозијата на мостот на Крим.

Руската државна агенција РИА Новости пренесува дека Лукашенко рекол:

„Сето тоа е според нашите документи. Ако нивото на закана го достигне сегашното ниво, почнуваме да ја користиме државната унија“, објави Индекс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.