Помош за Германците во висина на месечната сметка за гас

Сподели со своите пријатели

Германска експертска комисија задолжена да подготви план за ублажување на влијанието на поскапувањето на гасот врз потрошувачите, рано утринава идентификуваше серија предлози, изјавија за Ројтерс извори запознаени со разговорите.

Loading...

Според нацрт-документот, до кој претходно имала пристап британската агенција, Комисијата и препорачува на државата еднократна исплата на домаќинствата и деловните субјекти во износ од една месечна сметка за гас годинава и намалување на цената од следниот март или април.

Комисијата сѐ уште работи на посебна шема за големите потрошувачи на гас во индустрискиот сектор.

Во втората фаза, државата би можела да субвенционира од 60 до 80 отсто од предвидената потрошувачка на гас, а потрошувачите да го плаќаат остатокот по пазарни цени, за да поттикне заштеда на енергија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Субвенционираната цена може да биде околу 12-14 центи за киловат час (kWh), според документот.

Доколку биде одобрена, шемата ќе биде финансирана од пакетот помош од 200 милијарди евра (194 милијарди американски долари) објавен кон крајот на минатиот месец од владата на канцеларот Олаф Шолц за да се ублажи влијанието на зголемените цени на енергијата врз најголемата европска економија.

Комисијата денеска на прес-конференција треба да ги изнесе своите предлози. Се очекува владата да ги прифати нејзините главни решенија.

Портпаролот на Министерството за економија рече дека сѐ уште нема конечен концепт.

Loading...

Експертите велат дека предноста на еднократното плаќање е тоа што им дава итно олеснување на потрошувачите, додека негативна страна е што не поттикнува заштеда и покрај проценките дека се потребни најмалку 20 проценти заштеда на гас за да се избегне недостиг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мали: 70 загинати во напад на група поврзана со Ал Каеда

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.