Гасот во Европа над 3.000 долари

Сподели со своите пријатели

Цената на гасот во Европа продолжи да расте и во моментов се движи над 3.000 долари за илјада кубни метри, поскапувајќи од почетокот на денешното тргување за 20 отсто.

Loading...

Во тргувањето со фјучерси на холандската TTF точка, цената на гасот за испорака во септември скокна на 3.024 долари за 1.000 кубни метри, или 292,4 евра за мегават-час (MWh) по тековниот девизен курс од евро-долар, пренесува Тас, цитирајќи податоци од берзата ICE во Лондон.

Ова е прв пат од 8 март цената да го надмине нивото од 3.000 долари, а порастот уследи по извештаите дека Русија ќе ги прекине испораките преку Северен тек 1 на три дена, почнувајќи од 31 август, за да ја поправи единицата за гас на компресорот.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.