Цената на барел нафта падна на 94 долари

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа во вторникот, откако слабите економски показатели во Кина ги обновија стравувањата дека светот може да биде погоден од рецесија.

Loading...

Цената на индексот на нафтата Брент падна за 73 центи и изнесуваше 94,37 долари за барел, додека цената на американскиот индекс WTI се лизна за 44 центи на 88,97 долари за барел.

Кинеската централна банка ги намали каматните стапки за да ја заживее побарувачката бидејќи економијата неочекувано забави во јули, при што фабричките и малопродажните активности беа под притисок поради кинеската политика за нулта епидемија и падот на пазарот за недвижнини.

Кинескиот извоз на нафтени деривати се очекува да закрепне во август на речиси годишен рекорд, откако Пекинг издаде дополнителни квоти, пренесува Klix.ba.

Инвеститорите, исто така, ги следеа разговорите за оживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.

„Повеќе нафта би можело да дојде на пазарот доколку Иран и Соединетите Американски Држави (САД) ја прифатат понудата на Европската унија (ЕУ), која би ги укинала санкциите за извозот на иранска нафта“, велат аналитичарите.

Официјален претставник на ЕУ рече дека Иран во понеделникот одговорил на „конечниот“ нацрт-текст на ЕУ за спас на нуклеарниот договор, без да даде детали.

Иранскиот министер за надворешни работи ги повика САД да покажат флексибилност во решавањето на трите преостанати прашања.

Loading...

Во САД, вкупното производство од главните базени на нафта од шкрилци во САД ќе се зголеми на повеќе од девет милиони барели дневно во септември, што е највисоко ниво од март 2020 година, објави американската Администрација за енергетски информации (EIA) во својот извештај за продуктивност во понеделникот.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.