САД подготвуваат нова помош за Украина од милијарда долари

Сподели со своите пријатели

Следниот пакет безбедносна помош од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за Украина се очекува да изнесува една милијарда долари.

Loading...

Тоа ќе биде еден од најголемите пакети помош до сега и ќе вклучува муниција за оружје со долг дострел и оклопни медицински транспортни возила, рекоа три извори со знаење за ова прашање.

Пакетот треба да биде објавен уште во понеделник, изјавија неименувани извори за Ројтерс.

Од рускиот напад на Украина на 24 февруари, САД ѝ испратија на таа земја помош во вредност од околу 8,8 милијарди долари.

Официјалните лица, говорејќи под услов да не бидат именувани, рекле дека претседателот Бајден сè уште не го потпишал новиот пакет за помош во оружје и предупредија дека пакетот може да се промени пред да биде потпишан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: „Русите интензивно напаѓаат кон Бахмут и Авдиивка, вчера забележани 115 напади“

Доколку биде потпишан во сегашната форма, вредноста би била 1 милијарда долари и би вклучувала муниција за HIMARS, муниција за ракетниот систем земја-воздух НАСАМС и дури 50 оклопни транспортери М113.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.