Кина ги прекина дипломатските односи со Америка

Сподели со своите пријатели

Пекинг ја прекина комуникацијата со Вашингтон во неколку области во знак на протест поради посетата на Ненси Пелоси на Тајван.

Loading...

Кина одлучи да ги прекине дипломатските односи со САД во голем број воени и цивилни области, соопшти Министерството за надворешни работи.

Прекинот на врските е начин на кој Пекинг возврати на овонеделната посета на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Министерството објави список на области каде повеќе нема да има комуникација меѓу кинеските и американските официјални лица.

Тие вклучуваат работни состаноци меѓу одделите за одбрана, консултации за поморска безбедност, соработка за илегална миграција, судска помош, транснационален криминал, контрола на дрога и климатски промени.

Откажан е и планираниот телефонски разговор меѓу највисоките воени команданти на двете нации, се вели во соопштението.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.