Руски сили денеска го гранатираа градот Торецк во источна Украина, при што загинаа осум лица, а четворица беа ранети, соопштија украинските власти.
Loading...
Гранати ја погодиле станицата за јавен превоз каде се наоѓала група луѓе, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Павло Кириленко. Меѓу ранетите има и три деца, додаде тој.
Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател, рече дека нападот е уште еден терористички чин на Русија и повторно ги повика другите нации да ја прогласат Русија за поттикнувач на тероризмот, што ќе доведе до дополнителни санкции против Москва.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.