Авионот со претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси за Тајван во вторникот беше најгледаниот лет на сите времиња.
Според Flightradara24, локација за следење на авиони, нејзиниот лет ќе биде забележан како најследен лет во историјата.
– Во моментот кога слета во Тајпеј, (летот) SPAR19 го следеа повеќе од 708.000 луѓе ширум светот, што го прави најследен лет во реално време во историјата на Flightradar24 – објавија тие, додавајќи дека за време на седумчасовниот лет вкупно од 2,92 милиони луѓе следеле барем дел од летот.
– Летајќи низ Индонезија, летот го следеа повеќе од 200.000 луѓе, а бројките продолжија да се зголемуваат додека леталото се приближуваше до Тајван. При слетувањето во Тајпеј имаше 708.000 следбеници – објавија тие.
SPAR19 now in Taiwan airspace. pic.twitter.com/WvTvIYDGlg
— Flightradar24 (@flightradar24) August 2, 2022
Тие рекоа и дека огромниот интерес предизвикал технички проблеми, поради преоптоварување, а тие се решени откако Ненси Пелоси слета во Тајван.
Да потсетиме дека Пелоси е првиот американски функционер кој ја посетил оваа земја по 25 години.
Таа отпатува на островот, и покрај предупредувањата на Кина, за да се сретне со претседателот на тајванскиот парламент, Јоу Хси-кун.
– Со посетата на Тајван, оддаваме почит на нашата посветеност на демократијата: и повторно нагласуваме дека слободата на Тајван – и на сите други демократии – мора да се почитува – рече Пелоси по слетувањето.
Поради оваа посета, Кина ја подигна борбената готовност на највисоко ниво, а Тајван рече дека ќе одговори на сите закани.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.