Украинскиот „Крал на житото“ загина во гранатирањето на Миколаев

Сподели со своите пријатели

Еден од најбогатите украински бизнисмени Алексеј Вадатурски и неговата сопруга Раиса загинаа кога проектил ја погоди нивната куќа за време на гранатирањето на Миколаев.

Loading...

Вадатурски беше сопственик на Нибулон, компанија за извоз на жито, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша неговата смрт како голема загуба.

Градоначалникот на Николаев, Олександар Сенкевич, рече дека последното гранатирање е веројатно најтешкото руско бомбардирање на градот до сега. Оштетени се хотел, спортски комплекс, две училишта и куќи.

„Ова е херојски град. Секој ден ги губи своите жители, своите војници. И денес нашиот град го загуби својот херој“, со овие зборови гувернерот на Миколаев Виталиј Ким ја објави информацијата дека Вадатурски е убиен при руско гранатирање синоќа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ги растури плановите на Брисел: Европа е турната настрана во украинската криза

 

 

 

Регионалниот лидер Виталиј Ким рече дека „придонесот на Вадатурск во развојот на земјоделството и бродоградбата и развојот на регионот е непроценлив“.

Loading...

Нибулон, чие седиште е во Николаев, е специјализиран за производство и извоз на пченица, јачмен и пченка и има сопствен возен парк и бродоградилиште, пишува Танјуг, а пред една година нето вредноста на Вадатурски беше проценета на повеќе од 400 милиони долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп денеска ќе разговара со Зеленски

Тој беше добитник и на наградата „Херој на Украина“.

Во меѓувреме, советникот на кабинетот на претседателот Зеленски, Михаил Подољак, рече дека верува оти Русија намерно го таргетирала бизнисменот.

Тој рече дека една од ракетите ја погодила спалната соба на бизнисменот, што „не остава сомнеж“ дека била наведувана.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.