Романската армија изврши контролирана експлозија на морска мина, која пловела во близина на брегот на Црното Море, соопшти денеска Министерството за одбрана на земјата.
Мини почнаа да пловат во Црното Море откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, а романските, бугарските и турските воени нуркачки тимови ги деактивираа мините пронајдени во нивните територијални води, објави Ројтерс.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за поставување мини. Црното Море е од клучно значење за транспортот на жито, нафта и нафтени деривати, а го делат Бугарија, Романија, Грузија и Турција, како и Украина и Русија.
Романското Министерство за одбрана соопшти дека мината била отстранета во неделата на околу четири километри од брегот, што е втора мина уништена од романската војска од март.
Пловечките мини претставуваат закана за товарните бродови, така што трошоците за осигурување на бродовите што пловат по Црното Море се зголемени.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.