Блинкен: Русија незаконски депортира граѓани на Украина

Сподели со своите пријатели

САД ја повикаа Русија веднаш да ги ослободи Украинците кои незаконски ги депортирала и да дозволи пристап до меѓународните набљудувачи, повикувајќи се на извештаи дека Москва ги дава украинските деца на посвојување, а илјадници други се водат како исчезнати.

Loading...

„Незаконското пренесување и депортирање на заштитени лица е сериозно кршење на Четвртата Женевска конвенција за заштита на цивили и претставува воено злосторство. Проценките од различни извори, вклучително и руската влада, укажуваат дека руските власти испрашувале, притвориле и насилно депортирале меѓу 900.000 и 1,6 милиони украински граѓани, вклучително и 260.000 деца, од нивните домови во Русија, често во изолирани региони на Далечниот Исток,  изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велика Британија подготвена да ѝ испорача ракети со долг дострел на Украина

Блинкен во изјавата рече дека извештаите укажуваат дека Москва „намерно ги одвоила украинските деца од нивните родители или ги киднапирала од сиропиталишта пред да ги даде на посвојување на нејзина територија“, пренесува Танјуг.

Украинските власти побараа поддршка од Црвениот крст и ја обвинија Русија дека депортирала стотици илјади луѓе од областите на Украина под руска контрола и ги испратила во таканаречените „филтрациони логори“, каде што им биле одземени личните документи, наведува Ројтерс.

Руската амбасада во САД соопшти дека коментарите на Вашингтон се „обид да се разгори русофобија“.

„Обидот на Вашингтон да ги оцрни вооружените сили на Руската Федерација е јасно поврзан со незадоволството од успехот на специјалната воена операција“, се вели во објавата на Фејсбук од руската амбасада, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одбележува 1.000 дена од почетокот на војната

Амбасадата објави дека хуманитарните коридори во Украина функционираат, а „изјавите за насилно одземање на украинските пасоши се неквалитетна западна дезинформација“.

Женевските конвенции од 1949 година забрануваат масовно присилно пренесување на цивили за време на конфликт на територијата на окупаторската сила, класифицирајќи го како воено злосторство, наведува британската агенција.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.