Украинските сили погодија две воени точки контролирани од Русија

Сподели со своите пријатели

Украинските сили денеска погодија два воени контролни пункта и аеродром, во вториот напад оваа недела врз област контролирана од Русија во јужна Украина, јавува Ројтерс повикувајќи се на украински официјални лица.

Loading...

Тринаесет „окупатори“ беа убиени во нов напад на Нова Каховка во регионот Херсон, ја цитираше оперативната команда Југ портпаролот на регионалната администрација на Одеса, Серхи Брачукм, но не даде никакви докази за бројот на загинатите, британската агенција посочува.

Руското Министерство за одбрана сѐ уште не го коментираше нападот.

Украинската армија претходно оваа недела објави дека 52 лица загинале во напад на нејзините сили на Нова Каховка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ги повика Г20 да го поддржат Киев и да го „притиснат“ Хамас

Властите во градот поддржани од Русија соопштија дека најмалку седум лица загинале во нападот, јави руската новинска агенција ТАСС, но Ројтерс соопшти дека не може независно да ги потврди извештаите од бојното поле.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.