18 мртви во брутален напад врз Одеса (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во руски ракетен напад во Одеса загинаа најмалку 18 лица, меѓу кои две деца, откако два руски проектили погодија катна станбена зграда и рекреативен центар рано во петокот, соопштија украинските власти.

Loading...

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека во петокот во 6 часот наутро во напад на станбена зграда загинале 14 лица, а 30 се повредени, меѓу кои три деца.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одлуката на Бајден само ја ескалираше војната што Трамп ќе ја наследи

Во одвоен напад на рекреативниот центар загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, а едно лице е повредено, соопшти итната помош.

Регионалниот гувернер Максим Марченк објави дека две деца загинале во напад на руските сили во Одеса. Според неговите информации, вкупниот број на жртви во двата напади е 18.

 

Loading...

 

„Како резултат на ноќен ракетен напад на стратешки авион Ту-22 од Црното Море во областа Белгород-Дњестар во регионот Одеса, три ракети Х-22 погодија станбена зграда и рекреативен центар“, објави тој на Телеграма. .

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ројтерс: Бајден ја укинува забраната за Украина да користи американско оружје за напад во Русија

Посочи дека од 9 часот утрото се идентификувани 18 жртви од кои две деца, а хоспитализирани се 31 лице од кои четири деца и една трудница. Тој додаде дека лекарска помош побарале уште осум лица.

 

 

Украинскиот пратеник Роман Хришчук сподели видео од нападот.

Loading...

„Замислете: да се разбудите и да сфатите дека нема излез. Луѓето останаа заробени во нивните станови откако руски проектили погодија станбен облакодер во Одеса“, напиша тој покрај видеото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија погоди станбена зона во Украина: Меѓу загинатите две деца, речиси 90 ранети