Москва: НАТО ја гледа Источна Европа како идна сцена на војна

Сподели со своите пријатели

НАТО ја гледа Источна Европа како најверојатната сцена на војната, за што сведочат вежбите на алијансата во регионот, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

Loading...

Патрушев оцени и дека Западот се обидува да ја претвори Евроазија во регион на марионетски држави кои меѓусебно војуваат, пренесе ТАС С.

„НАТО очигледно ја гледа Источна Европа како најверојатно бојно поле“, рече Патрушев во говорот пред колегите од Организацијата на Договорот за колективна безбедност во ерменскиот главен град.

Рускиот функционер оцени и дека „претворањето на Евроазија во жариште на конфликти, регион на завојувани држави, како што е Украина, во марионетски држави или колонии, е долгорочна цел на Западот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се огласи Кремљ по најавите за употреба на американско оружје за напади на руска територија

Тој исто така изјави дека „загриженоста на Москва дека Украина е претворена во база за воените биолошки програми на Вашингтон беше потврдена за време на руската специјална воена операција“.

Според него, ваквите американски проекти бараат посебно внимание на цивилизираниот свет, бидејќи, како што нагласи, „само Американците не пристапија кон протоколот за меѓусебна контрола во рамките на Конвенцијата за биолошко и отровно оружје“.

Патрушев смета дека воената инфраструктура на НАТО е многу блиску до границите на Русија и Белорусија, дека Алијансата продолжува да го зајакнува своето присуство на ова крило и изјави дека ситуацијата во источноевропскиот регион на колективна безбедност е значително влошена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одлуката на Бајден само ја ескалираше војната што Трамп ќе ја наследи

„Една од клучните компоненти на агресивната политика на Соединетите Држави и нивните сојузници беше непромисленото проширување на НАТО. И покрај политичките гаранции што ни беа дадени, инфраструктурата на НАТО е многу блиску до руската и белоруската граница“, рече тој.

Loading...