Евакуацијата на 568 цивили кои се кријат во бункери под хемиската фабрика Азот во Северодонецк во моментов е невозможна поради гранатирање и жестоки борби, изјави денеска украинскиот гувернер на областа Луганск, Сергеј Гајадај.
Loading...
Тој во објава на својот канал на Телеграм изјави дека меѓу цивилите кои се кријат во бункерите под фабриката има 38 деца.
По повлекувањето од предградијата на Киев во мај, руските трупи се фокусираа на заземање на целиот Донбас, индустриски регион на југоистокот на земјата каде борбите беа фокусирани на Северодонецк во последните недели.