Британија: Богатите и деловните луѓе масовно ја напуштаат Русија

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Велика Британија во својата нова разузнавачка проценка за ситуацијата на теренот во Украина и Русија објави дека скептицизмот кон војната е особено силен меѓу руската деловна елита и заедница, пренесува Ројтерс.

Loading...

Илјадници милионери во моментов се обидуваат да ја напуштат Русија, а продолжувањето на заминувањето на нејзината деловна и олигархиска заедница веројатно ќе ја зголеми долгорочната штета што војната веќе и ја нанесе на нејзината економија, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

„Апликациите за преселување сугерираат дека 15.000 руски милионери веројатно веќе се обидуваат да заминат“, се вели во извештајот на Министерството, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

На фронтот, според извештајот, Русија најверојатно во овој момент се обидува да постигне напредок во близина на Попасна, во опкружувањето на северниот џеб на Доњецк од југ.

Украинските власти рекоа дека нивните војници се надвор од опсегот на руското масовно бомбардирање во Северодонецк и го пријавија нивниот нов напредок во контраофанзивата на југ, според Ројтерс.