Словачка: Испораките од Гаспром денеска помали за 30%.

Сподели со своите пријатели

Словачкиот државен увозник на гас СПП очекува дека испораките на гас од руски Газпром денеска ќе се намалат за околу 30 отсто, соопштија од компанијата.

Loading...

„Денес, врз основа на информациите од компанијата „Гаспром експорт“, очекуваме дека испораките на гас ќе бидат за околу 30 отсто помали отколку во нашиот договор“, изјави за Ројтерс портпаролот на СПП.

Тој додаде дека наведеното намалување нема никакво влијание врз нивните клиенти.