Украина: Ќе го добиеме најмоќното оружје досега

Сподели со своите пријатели

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Украина наскоро треба да ги добие долгоочекуваните ракетни фрлачи со повеќе цевки (cs) со дострел од повеќе од 100 километри.

Loading...

Ако тоа се случи, тоа ќе биде најмоќното оружје што Украина некогаш го добила од Запад.

 

Лидерите на ЕУ денеска на состанок, тема – УКРАИНА

 

Подољак рече дека Русија „хистерично реагира“ на најавите дека САД ќе испратат модерни MLRS во Украина, додавајќи дека тоа е „еден од најголемите стравови на Москва“.

Имено, ова оружје има многу поголем дострел од кое било оружје кое моментално го има на располагање на украинската армија.

 

Loading...

Победниците на Евровизија го продадоа пехарот

 

Да потсетиме, Вашингтон пост на крајот на минатата недела објави дека САД се подготвуваат да испратат MLRS во Украина, а конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател Џо Бајден оваа недела.