Контроверзната руска ММА организација „Epic Fighting Championship“ организираше борба два на еден во супертешка категорија меѓу рускиот професионален борец Даниел Елбаев од една страна и блогер на PolnoeTV и Алексеј Бељаев од друга страна.
Loading...
И покрај тоа што PolnoeTV и Бељаев тежеа 226 килограми повеќе од Елбаев, рускиот борец ги нокаутира за само 22 секунди.
Елбаев најпрвин го нокаутираше PolnoeTV, а потоа го собори Бељаев на подот, по што го удри неколку пати во глава.
Судијата морал да ја прекине борбата бидејќи PolnoeTV и Баљаев беа нокаутирани.
Сепак, по првата бизарна пресметка, двајцата блогери побарале од Елбаев реванш, но тој повторно ги победил.