Се разбудила покрај кучето во кревет, набргу сфатила дека тоа не е нејзино милениче

Сподели со своите пријатели

Џули Торнтон Џонсон била изненадена кога едно утро се разбудила со куче кое лежело до неа. Отпрвин мислела дека тоа е едно од нејзините три кученца кои доаѓале да легнат во нејзиниот кревет и да се гушкаат. Меѓутоа, кога погледна подобро, сфатила дека не го ни познава кучето што спие до неа.

Loading...

Таа на Фејсбук сподели фотографии од изненадувачкиот гостин во нејзиниот кревет.

 

 

„Апсолутно е нормално да се разбудиме во нашата куќа со едно од нашите кучиња во кревет со нас. Еден мал проблем, ова не е наше куче, ниту пак знаеме како влегло во куќата“, напишала Џули.

„Најпрво мислевме дека е едно од нашите, но тие ретко лежат на перници. Во темница претпоставував дека е но всушнст не било.Кога светлината влезе во собата, сфативме дека гушкаме туѓо куче. Ова е најчудната објава која некогаш сум морала да ја напишам“, додаде таа, прашувајќи ги корисниците на Фејсбук дали знаат чие куче е тоа.

 

Loading...

 

За среќа, преку социјалните мрежи го пронашла сопственикот Крис Хокинс, кој дошол по кучето. Според 46 Вести, Крис и Нала живеат само неколку куќи подалеку од нив на улица. Се сомнева дека Нала во текот на ноќта ја симнала ременчето и отишла во куќата на Џули. Но, мистеријата за тоа е како влегла во куќата.