Како би реагирале ако небото над вас се претвори од сино во крваво црвено? Токму тоа се случи над кинескиот град Џоушан и предизвика паника кај граѓаните.
Снимката која се појави на социјалните мрежи навистина изгледа страшно и потсетува на сцени од крајот на светот кои можеме да ги гледаме во филмовите.
Корисниците на социјалните мрежи кои ја снимија оваа необична појава над пристанишниот град Жоушан во близина на Шангај, не ја криеја својата загриженост и паника. Според снимките, небото било темноцрвено, што било најизразено во близина на пристаништето.
Корисниците многу брзо почнаа да разговараат за причините за овој необичен феномен. И додека некои спомнаа „лоши знаци“, други шпекулираа дека тоа можеби е одраз на пожар.
Но, локалните медиуми објавија дека не се работи за нешто застрашувачко, туку за необичен природен феномен кој произлегува од рефлексијата на светлината.
Времето во Жоушан беше облачно и магливо, а врнеше слаб дожд, што можеше да предизвика рефлексија на светлината од ниските облаци, објаснија од Метеоролошката служба во Жошан.
Кога времето е добро, водата испарува и создава аеросоли во атмосферата кои ја рефлектираат и шират светлината од рибарските чамци и создаваат впечаток на црвено небо, додаваат тие.
Интересно, ова не е прв случај на црвено небо над Кина. Историчарите неодамна пронајдоа документи од 1770 година кои цитираат изјави на очевидци кои виделе црвено небо над Кина, Кореја и Јапонија. Научниците шпекулираат дека црвеното небо во тоа време можеби било резултат на геомагнетни бури кои го погодиле магнетното поле на Земјата.
Сепак, кинеските државни медиуми тврдат дека во овој модерен случај, магнетната активност на Сонцето била мала и не можела да резултира со црвено небо.
Во секој случај, на жителите им беше даден краток увид како би изгледало небото кога би биле на Марс.