Русите му се закануваат на Маск: „Ако умрам под мистериозни околности, мило ми беше што ве запознав

Сподели со своите пријатели

Сателитската широкопојасна услуга Старлинк на СпејсИкс беше активирана во Украина по нападот на руските војници

Loading...

Директорот на Тесла и Спејс Икс, а неодамна и сопственик наТвитер, Илон Маск, објави мистериозна порака по заканите кои ги добил од Русија.

„Ако умрам под мистериозни околности, ми беше убаво што ве познавав“, напиша Маск на својот официјален профил на Твитер. Оваа објава дојде откако тој објави интервју со поранешниот руски вицепремиер Дмитриј Рогозин, истакнувајќи дека шефот на СпејсИкс бил вклучен во снабдувањето на фашистичките сили во Украина со воена комуникациска опрема.

Да потсетиме, сателитската широкопојасна услуга на СпејсИкс на Старлинк беше активирана во Украина по нападот на руските трупи.

– А за ова, Илон ќе одговараш како возрасен, колку и да се правиш будала – се наведува во соопштението.

 

 

Loading...