Здравствените власти го потврдија третиот случај на ебола во градот Мбандака на северозапад од Демократска Република Конго, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Станува збор за 48-годишен маж кој бил во контакт со првиот пациент, кој починал на 21 април, објави СЗО на Твитер, пренесува Ројтерс.
Упасениот колумбиски нарко бос соработувал и со кланови на Балканот
Конго има историја на епидемии на хеморагична треска и ова е четиринаесетта по ред.
Здравствените работници почнаа со вакцинација против ебола минатата недела во Мбандака, главниот град на провинцијата Екватор во Конго.
Украина: Водиме крвави битки во челичарницата: „Ако има пекол, тоа е Азовстал“
Според СЗО, идентификувано е дека заразените биле во контакт со 444 лица, чија здравствена состојба се следи, наведува британската агенција.