Упасениот колумбиски нарко бос соработувал и со кланови на Балканот

Сподели со своите пријатели

Со балканските нарко шверцери е поврзан и уапсениот нарко бос во Колумбија, Даиро Антонио Усуга (50), познат по прекарот Отониел, за кој се тврди дека е „Ескобар на нашиот век“.

Loading...

Кланот Дел Голфо, на чие чело беше до неговото апсење, контролира многу правци за шверц на дрога кон САД, но и кон Русија и Балканот.

Колумбискиот неделник „Семана“ тврди дека Отониел формирал мрежа за илегална трговија, која има силни контакти во Панама, Мексико, Доминиканска Република, Аргентина, Бразил, Хондурас, Перу и Шпанија и Белгија.

 

 

„Семана“ наведува дека досието до кое имале пристап содржи извештај за преговори со емисари на мексиканските картели, калабриската и сицилијанската мафија во Италија и организацијата за трговија со дрога на Балканот.

И.А. од Цетиње, Црна Гора бил уапсен пролетва во Колумбија поради шверц на дрога, набавувал кокаин од кланот Дел Голфо, објави весникот „Дан“ во јуни годинава. Весникот се повикува на колумбискиот неделник „Семану“.

Loading...

– Во документот се зборува за И.А. како еден од членовите на балканскиот картел, кој побегнал од Шпанија во 2018 година, бидејќи бил вмешан во убиството. Тој пристигнал во Колумбија во 2019 година. Се населил во Картагена и се претставил како наследник на сопственикот на синџир хотели во Европа. Зад овој параван всушност стоела меѓународна организација која е еден од главните извозници на дрога во Европа, балканскиот картел – објави летово „Семана“.

Заеднички именител на нејзините членки е што доаѓаат од јужна Европа, од земји како Албанија, Хрватска, Црна Гора и Србија.

Потрагата по најбараниот колумбиски нарко бос траеше цела деценија.

 

 

„Ова е најтешкиот удар на трговијата со дрога во овој век во нашата земја. Овој потфат може да се спореди само со падот на Пабло Ескобар во 1990-тите“, рече колумбискиот претседател Иван Дјук.

Споредбата со Ескобар, легендарниот шеф на картелот Меделин, убедливо најпознатиот нарко бос во светот, Отониел го заслужи тоа. Тој е обвинет и за убиство на полицајци, сексуално злоставување деца и регрутирање малолетници.

Loading...

Во акцијата за апсење учествувале 500 војници и 22 хеликоптери. Движењето на нарко босот било следено со сателитски снимки од повеќе од 50 информатори, меѓу кои и американски и британски агенти.

Кланот Дел Голфо била семејна организација, на која припаѓале не само Отониел и неговиот брат Џовани, туку и многу други роднини.

 

 

Една гранка на картелот ја водел мажот на нејзината сестра. Се верува дека кланот има околу 1.800 вооружени членови, главно регрутирани од десничарски паравоени групи.

Силните семејни врски и влијание во одредени области на Колумбија се причините поради кои Отониел успеал да избегне апсење толку долго.

Отониел не користел мобилни телефони за да избегне следење, а со членовите на кланот комуницирал преку гласовни пораки проследени преку курир.

Loading...

ГЕРИЛЕЦ И ДЕСНИЧАР

РОДЕН во Антиокија во раните 1970-ти, Даиро Антонио Усуга, на 16 години се приклучил на сега герилското движење Народноослободителна партија.

Со неговиот брат Џовани, тој бил член на неколку герилски и паравоени групи, вклучително и на Фарк (Револуционерни вооружени сили на Колумбија), како и на Обединетите одбранбени сили на Колумбија, десничарска паравоена група која исто така се занимаваше со трговија со дрога.

 

 

Loading...

Тој стана шеф на кланот откако полицијата го уби неговиот брат во нападот на новогодишната забава на 1 јануари 2012 година.

ЕДНА ГЛАВА ДВЕ ЦЕНИ

Според Би-Би-Си, Отониел ја користел мрежата на селски безбедни куќи, па со постојани преселби се криел од властите.

Полицијата пронашла специјални ортопедски душеци кои ги користел поради дискус хернија.

Колумбиската влада ќе го екстрадира во САД, кои го обвинија во 2009 година. Главата на Отониел имаше две цени: колумбиската влада понуди околу 800.000 долари, а Вашингтон дури пет милиони долари.

Loading...