Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека владата нема да дозволи да се повторат масовните протести на опозицијата по претседателските избори во 2020 година и посочи дека секој што сака да го наруши мирот и спокојството во земјата ќе биде спречен.
„Дали заборавивте што се случи во 2020 година, или три четвртини од луѓето седат овде кои се задоволни од она што се случи таа година и сакаат минатото да се повтори?“, праша Лукашенко на состанокот за редот и законот во земјата.
Тој рече дека има „доволно сила“, и дека „ќе му ја отсече главата на секој што сака да го наруши мирот и спокојството во земјата денес“.
„Можеби денес некој сака да војува, како што се случува во Украина. Подобро е што сме далеку од војната, подобро е да ја немаме овде во нашата земја“, рече Лукашенко.