Од завист изгребал 260 паркирани автомобили и направил штета од 500.000 евра

Сподели со своите пријатели

Вести од Германија: Еден маж (28) е уапсен бидејќи за само неколку дена оштетил околу 260 автомобили во Карлсруе, а денеска треба да се појави пред судија, соопшти полицијата.

Loading...

Според информациите, штетата е повеќе од половина милион евра, а тој денеска се предал на полицијата и признал материјална штета. Своите наводни постапки ги оправдувал со завист на сопствениците на автомобили, пишува ХАК Магазин.

Жртвите беа претежно автомобили од висока класа паркирани во центарот на Карлсруе кои беа изгребани или на друг начин оштетени во текот на викендот.

Осомничениот веќе имал криминално минато, а последен пат бил ослободен од затвор во јули 2021 година. Тој исто така објаснил дека е љубоморен на сопствениците на автомобили и дека има „лични проблеми“, се вели во соопштението на полицијата.