Сеул тврди дека Северна Кореја лажела дека ја лансирала „монструм ракетата“

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја не лансирала, како што тврдеше, интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17, која аналитичарите ја нарекуваат „монструм ракета“, соопшти јужнокорејската војска.

Loading...

Тоа е истата интерконтинентална балистичка ракета што Пјонгјанг ја тестираше во 2017 година.

На 25 март, Северна Кореја објави дека ја лансирала својата најмоќна интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17.

 

За неколку часа во Австралија падна дожд колку што обично паѓа за еден месец

 

Оваа „ракета-монструм“ беше изложена за прв пат во октомври 2020 година, на воената парада во Пјонгјанг.

Сепак, јужнокорејското Министерство за одбрана објави дека Сеул и Вашингтон успеале да утврдат дека истреланата ракета Хвасонг-15 всушност била тестирана во 2017 година.

Loading...

Лажните информации на Пјонгјанг се обид да се прикрие неуспехот на лансирањето на ракетата на 16 март.

 

За неколку часа во Австралија падна дожд колку што обично паѓа за еден месец

 

Аналитичарите веруваат дека ракетата што била испукана тој ден била Хвасонг-17, но дека експлодирала веднаш по лансирањето.

И двата типа интерконтинентални ракети теоретски би можеле да стигнат до американскиот континент.