За неколку часа во Австралија падна дожд колку што обично паѓа за еден месец

Сподели со своите пријатели

Обилни дождови паднаа на источниот брег на Австралија и поплавија патишта и мостови.

Loading...

Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови по втор пат во последните неколку недели.

Неколку градови на северот на државата Нов Јужен Велс, кои се опоравуваат од историските поплави пред еден месец, во текот на ноќта беа погодени од силен циклон.

Во некои делови од регионот за само шест часа наврна дожд као за еден месец.

 

Украина објави пет услови околу неутралноста

 

Второ лето по ред, на источниот брег на Австралија доминира системот Ла Ниља, кој се карактеризира со зголемени врнежи. Во Сиднеј овој месец веќе наврнале 537 мм дожд на метар квадратен, што е историска количина за март.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Невреме и обилни дождови во Пакистан, загинаа 50 лица

Метеоролозите за денеска најавуваат локално обилни врнежи од дожд, кои може да доведат до брзаци опасни по живот.

Кевин Кочиола, фармер во близина на градот Лизмор, рече дека никогаш во животот не видел такви поплави со разлика од само три недели.

„Се надевам дека нема да биде како пред неколку недели, но само Господ знае“, рече тој за Телевизијата ABC.