Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во регионот на Киев се соборени три руски хеликоптери. Нападот на Русија врз Украина започна рано утринава.
– Еден руски хеликоптер К-52 и три хеликоптери кај Гостомел се соборени во Киевската област – се наведува во соопштението на министерството објавено на веб-страницата.
Хеликоптерски јуриш на Киев: Страшни снимки од руската офанзива (ВИДЕО)
Претходно во четвртокот, Генералштабот на украинските вооружени сили објави дека шест руски авиони биле соборени додека силите ја напаѓале Украина. Руската војска ги отфрли обвинувањата, објави државната новинска агенција.
Како што беше најавено претходно, пет лица загинаа денеска при соборување на украинскиот воен авион, соопштија од украинската полиција и секторот за вонредни ситуации.
Во исто време, советникот на украинскиот претседател наведува дека украинската армија им дава отпор на руските сили практично по целата граница со Русија и дека се водат жестоки борби во регионите Суми, Харков, Керсон, Одеса и на воениот аеродром во близина на Киев.
Советник на украинскиот претседател изјави дека Киев стравува дека руски падобранци ќе бидат внесени во Украина и ќе се обидат да го преземат седиштето на владата во Киев, пренесе Ројтерс.
Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека украинските гранични служби ги напуштиле сите објекти на руско-украинската граница, пренесе Интерфакс.