Роднините на рускиот пар Јакунун, Александар и Викторија, не можеле да ги добијат неколку дена на нивните телефони.
Имено, тие го пропуштиле семејниот собир и по неколку телефонски повици се јавила нивната петгодишна ќерка.
Девојчето рече дека мама и тато заспале и спиеле долго време, но и дека татко ѝ ја променил бојата. Цело време се грижела за едногодишниот брат.
Наталија, сестрата на Александар, за руските медиуми изјавила дека веднаш по повикот дошла во нивниот стан.
– Кога го видов, паднав и почнав да врескам – рекла Наталија.
По пристигнувањето на полицијата и брзата помош било констатирано дека причина за смртта е труење.
Александар и Викторија неколку дена пред несреќата добиле домашни кисели краставички од неговата баба.
Се сомнева дека причина за смртта е ботулински токсин од краставица. Предизвикува парализа и, во најлош случај, респираторна инсуфициенција.
Соседот Михаил Комченко на полицијата и рекол дека алкохолот не е причина за труењето бидејќи парот не го конзумирал.
За момчето и девојчето моментално се грижи таткото на Александар.