ИРАН: Ракетен напад врз база со американски војници

Сподели со своите пријатели

Ирачка воена база во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, каде што се наоѓаат американските сили, била погодена од ракета, објави Ројтерс, повикувајќи се на воени извори.

Loading...

Во извештајот се наведува дека нема повредени.

Истовремено, Ал Џезира објави дека меѓународниот аеродром во Багдад денеска бил погоден со најмалку четири ракети од типот „Кајуша“, пренесува Sputnik International.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Инцидентот се случил само еден ден подоцна, кога биле соборени два дрона кои се обидувале да се приближат до воената база „Ајн ел Асад“.