Келнер служел пензионери во кафуле, кога им ја донел сметката, глетката што ја видел го оставила во неверување

Сподели со своите пријатели

Сцената од ресторан во Шпанија го трогна келнерот, но и сите оние кои ја гледаа неговата објава на социјалните мрежи.

Loading...

Имено, девет пензионери направиле сметка од 163 евра, а кога келнерот дошол да наплати, нашол лист на кој, без телефон и дигитрон, постарите ја поделиле сумата на еднакви делови.

 

 

– Вака пензионерите ја делат сметката – напишал келнерот Марио Алберто, кој признал дека искрено бил изненаден од ваквиот потег на постарите кои решиле да се опуштат вечерта, но ги покажале и вештините на пресметување без дигитрон.

Многумина, пак, се зачудени од начинот на пресметување, потпишување со хартија и молив, што ретко кој работи во време на телефони и калкулатори.

„Умот им е на друго ниво“, „Не знам дали би знаел да делам со децимали без калкулатор“, „Убаво е што постарите луѓе го користат овој начин на пресметка за да си го забрзаат умот“, се само некои на коментарите.

Loading...