Верувале или не, истражувањата покажале дека дури една третина од паровите во светот се караат за греење во студените зимски денови.
Жените сакаат да го засилат парното греење бидејќи се зимогрозливи, а мажите се тие кои постојано го намалуваат и исклучуваат парното.

Таквото однесување, сепак, не е само мода.
Имено, данските научници во 2015 година утврдиле дека на мажите им е најудобно кога температурата е помеѓу 24 и 25 целзиусови степени, а на жените само кога температурата е околу 2,5 степени повисока, бидејќи се почувствителни на студ.
За тоа има причина, а токму хормонот естроген ја згуснува крвта, што значи дека кај жените протокот на крв е малку побавен отколку кај мажите.

Нивото на овој хормон е повисоко за време на овулацијата, па на жените тогаш им е уште постудено од вообичаеното.
Друг интересен податок кој е откриен во текот на ова истражување е дека дури четири од десет жени тајно го засилуваат греењето во куќата од своите партнери.
Дали и вие се расправате за греење?

